4NEWS.mk

Сообраќајка кај Кичево – двајца повредени

Синоќа во 21:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни