Сообраќајка на скопската обиколница, две лица повредени!

Две патнички возила попладнево се судрија на скопската обиколница, помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата и велат дека две лица се повредени и истите се пренесени на Клинички.

„Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу  клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, порачаа од МВР.