Сообраќајните контроли со несмален интензитет: вчера издадени 864, а наплатени 465 платни налози

Во текот на минатата година Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во делот на превентивното работење во областа на безбедноста на сообраќајот реализираше, најчесто во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, но и со други локални или невладини институции, над деведесетина едукативно-превентивни активности (кампањи, трибини, работилници), вклучително и дваесетина сообраќајни поуки одржани во полициски станици за возачи, а како нормативно-превентивна мерка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП). Овие активности што се спроведуваат и во другите сектори за внатрешни работи, заедно со секојдневните интензивирани сообраќајни контроли имаат за цел општо подигање на нивното на сообраќајна безбедност во државата.

Инаку, и вчерашниот ден (11.02.) од страна на полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, беше ефектуиран со 864 издадени платни налози и 465 наплатени платни налози на возачи и други учесници во сообраќајот по основ на ЗБСП и Законот за возила (ЗВ).

Притоа евидентно е дека непочитувањето на брзината на движење и непрописното паркирање се прекршоци со најголем број изречени мерки кон возачите – 262, односно 201. Од друга страна пак, статистичките бројки покажуваат дека откриени биле 67 лица кои што управувале возила без возачки дозволи, потоа следат 49 случаи на некористење сигурносен појас и 36 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.

Исто така детектирани се 21 прекршок кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта а шестмина минале на црвено светло. Поголемиот дел од прекршочните санкции се изречени на подрачјето на СВР Скопје, што е и очекувано со оглед на сообраќајната капацитети и фрекфентност на подрачјето на главниот град.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното