Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено – снег провејува на планинскиот превој Попова Шапка

Надлежните информираат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Иако сообраќајот се одвива без застои, поради врнежите од снег се препорачува внимателно и прилагодено возење.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и со потребната механизација и работна сила континуирано се на терен, каде што се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт, се преземаат активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателното и совесно управување со возилата, возачите се потсетуваат на задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата.

Исто така, се препорачува навремено информирање преку информативните центри за актуелната состојба и условите на државните патишта. Координираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на денот.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег, кој не се задржува на коловозот, провејува на планинскиот превој Попова Шапка.