Сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во добри услови и без поголеми пречки, информира АМСМ. Коловозите на одделни делници се влажни, но протокот на возила е нормален.

Од 15 ноември 2025 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за одрони. Како критични точки се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.