Сообраќајот во Куманово и Старо Нагоричане тековно и во текот на утрешниот празник

Кумановската полиција  денеска ги информира  граѓаните дека сообраќајот на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане ќе се одвива тековно, без застои и пренасочување на утрешниот празник кој ќе се чествува во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Се вчитува...

– СВР Куманово ги известува граѓаните дека по повод државниот празник 2 Август, како и одржувањето  на свечена манифестација во Меморијалниот центар во Пелинце, општина Старо Нагоричане, на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување. Воедно, ги информираме граѓаните кои сакаат да присуствуваат на свеченоста што ќе започне во 10:00 часот, навремено, односно до 09:30, да пристигнат во Меморијалниот центар Пелинце. Во оваа прилика, уште еднаш, укажуваме на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, се вели во соопштението на СВР Куманово.

Втори август се чествува во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што на свеченоста по повод Илинден и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, годинава ќе говори претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа ќе има културно-уметничка програма.

Годинава, чествувањата на Денот на Републиката, 2 август се одбележува под слоганот „Сите сме деца на Илинден“. 

Извор: Сител телевизија