Сопственикот на фирмата и еден раководител од ПЕ Рудници при РЕК Битола се определени да бидат во куќен притвор, соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола.
Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО за определување ефективен притвор за двајцата осомничени, туку наместо тоа им одреди мерка куќен притвор, со цел да се овозможи нивното присуство во постапката.
Надлежниот јавен обвинител не се согласува со одлуката на судот, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, при што едниот располага со значителен имот во друга држава.
Од тие причини, обвинителството најави дека ќе вложи жалба и ќе бара определување на мерка ефективен притвор за осомничените.