Сопственикот на „Санте плус“ Билал Кара се бара со потерница

Албанските медиуми вчера информираа дека по потерница се трага по 45-годишниот албанско-турски бизнисмен Билал Кара.

Тој е осомничен за серија злоупотреби поврзани со приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, со седиште во Албанија.

Кара, еден од сопствениците на клиниката, во 2023 година беше назначен за почесен конзул на Република Северна Македонија во Турција, со седиште во Измир.

Според објавените информации, клиниката била блокирана поради непријавен профит во висина од околу еден милион евра. При инспекциите биле откриени и лекови со истечен рок, како и нелегално внесени производи. Дополнително, кај петмина вработени било утврдено дека работеле без здравствено и социјално осигурување.

Во рамките на групацијата „Санте Плус“ во Македонија функционираат и болницата ВФП Поликлиник во Скопје, како и Европската очна болница.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.