Сопственикот нуди 60.000 евра за изгубенат овца: Еве зошто е подготвен да ја плати оваа сума!

Засолниште за животни во Западен Кејп (Јужна Африка) нуди награда од 1,2 милиони јужноафрикански ранд (околу 60.000 евра) за информации за исчезнатата овца по име Бенкси.

Нема траги на провалување

-Тоа неделно утро нè посети семејство од Британија кое сакаше да инвестира во уметноста. Сепак, никаде не можевме да го најдеме Бенкси. Мислевме дека се крие, а малку подоцна ја алармиравме полицијата – соопштија од прифатилиштето.

Оваа уметничка овца, која создава слики, стана позната и носи приходи во засолништето. Иако ја алармирале полицијата, не биле констатирани знаци на провалување.

Сопствениците на засолништето веруваат дека Бенкси научил да слика гледајќи во Пигкас, свиња која станала позната во светот на уметноста, пренесува „Еспресо“.

Локалната полиција истражува и за кражба на добиток, по исчезнувањето на талентираните овци, но засега нема вести.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното