Македонија

Сосетка спречила кражба: Млади момци глумеле полицајци во Штип

Сосетка спречила кражба: Млади момци глумеле полицајци во Штип
Фото: 4news.mk

Двајца млади штипјани се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на 85-годишна жена претставувајќи се како полициски службеници.

СВР Штип поднесе пријава против Е.Џ. (22) од Штип и Д.С. (22) од селото Псача, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јули 2026 година, пријавените дошле пред домот на старицата во Штип и се обиделе да влезат во нејзиниот дом, претставувајќи се како полициски службеници.

Нивната намера била спречена откако соседка се посомневала во нивното однесување и веднаш го пријавила случајот во полиција.

По преземените мерки, двајцата биле пронајдени и лишени од слобода. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна постапка.

Полицијата повторно апелира до граѓаните, особено до повозрасните лица, да бидат внимателни при непознати лица кои се претставуваат како службени лица и доколку се посомневаат во нивниот идентитет веднаш да пријават во надлежните институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни