Сотир Лукровски „ја продаде Македонија“ за да си купи идентитет за кампања – Фејсбук туристичка страница ја направи партиска

Кандидатот Сотир Лукровски извршил измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани.

Според официјалните податоци од Facebook Page Transparency, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities” – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија.

Промената е направена непосредно пред почетокот на кампањата, што отвори прашања за транспарентноста и автентичноста на онлајн поддршката на кандидатот.

Парадоксално, ваквиот потег доаѓа во период кога партијата што го поддржува Лукровски остро тврди дека „нацијата, јазикот и идентитетот се под закана“ и дека „Македонија мора да ја зачува својата автентичност“.

Со овој потег, Лукровски ја изманипулирал јавноста и ја искористил љубовта кон татковината за да стекне следбеници и да гради политичка кариера на грбот на македонскиот патриотизам.

Станува збор за срамна злоупотреба на национални симболи и чувства, во која една страница создадена за љубов кон Македонија била претворена во политички инструмент за лична промоција.