Брајан Ланза, висок советник на идниот американски претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека новата американска администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, а не на помагање на Киев да победи во војната и да го врати Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
Ланза, кој е стратег на Републиканската партија, изјави за Би-Би-Си дека администрацијата на Трамп ќе побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја претстави својата верзија за „реална визија за мир“.
„Ако претседателот Зеленски дојде на маса и каже дека можеме да имаме мир само ако го имаме Крим, ни покажува дека е несериозен. Крим е изгубен“, рече тој.