Осудувам пристап каков што го имаше Бугарија во однос на Претседателката на државата, со неистакнување на знамето, меѓутоа тука има вина и одговорност кај Претседателката односно кај нејзиниот кабинет, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.
-Не може државата да биде „повторно горда“ а вие самите себе да се потценувате а со тоа и граѓаните на Македонија да ги потцените. Постоеле механизми како тоа да се среди и да не дојде до ваква ситуација. Добро е да бидеме заштитници но на соодветен начин и време и на дело да се покаже дека сакате да ги заштитите националните интереси. Тоа бил моментот, кога се увидело дека не се почитувале протоколите да се реагира, прашање е дали требало да се одржи една таква средба, рече Спасовски
Ако претседателката на државата не го штити достоинството на државата и на граѓаните, од кого очекуваме. Очекуваме дека со реакции отпосле ќе направиме нешто? Не, прво тоа треба да се превенира, додаде тој.

