Свет
18,674,916
Вкупно активни случаи
Updated on 01/12/2020 18:28 18:28
Македонија
21,169
Вкупно активни случаи
Updated on 01/12/2020 18:28 18:28
Македонија
1,763
Вкупно починати
Updated on 01/12/2020 18:28 18:28
Македонија
38,946
Вкупно оздравени
Updated on 01/12/2020 18:28 18:28

Спасовски: Изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избоири во Република Северна Македонија. Жалам што сме единствена држава во светот каде што немаме функционален парламент, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски пред Клиниката за инфективни болести во Скопје, прашан за датумот за изборите и дали ќе има лидерска средба.

-Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Ако имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Очекувам дека во рамките на законската можност ќе имаме дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден на одржување на изборите, затоа што тоа е добро за државата, истакна Спасовски.

loading...

Премиерот рече дека состојбата со Ковид-19 е под контрола, а тоа, според него, се должи на утврдување на кластерите и луѓето кои се во самоизолација. Спасовски апелираше и до политичарите кога зборуваат за здравјето и животот на граѓаните, да имаат предвид се што ќе преземат во политичка смисла, тоа да биде да не се загрозува животот и здравјето на граѓаните.

Според министерот за здравство Венко Филипче, подобро е изборите сега да се одржат отколку наесен поради тоа што во моментов постои поголема контрола врз коронавирусот.

-Сега ситуацијата за избори е поволна затоа што повеќе е под контрола отколку наесен, сега се присутни ефектите од рестрикциите од движењето, карантинот и не работат училиштата, градинките, а затворени се и границите. Сите овие три фактори надополнети со тоа што наесен би можело да значи една епидемија од сезонски грип, може значително да ја комплицира ситуацијата и такви се предвидувањата и на СЗО и на други земји, истакна Филипче и нагласи дека доколку се почитуваат мерките, изборите можат безбедно да се одржат.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека ДУИ биле единствени што не ја оцениле лидерската кај претседателот како неуспех и дека за нив тоа било почеток на дебатата за конзензус за изборите. Тоа го покажале со тоа што не отишле со вкалкулирана дата за изборите, бидејќи според нив, треба два фактора да се исполнат, а тоа е ниту еден процес да не го загрози здравјето на граѓаните и второ да се постигне консензус за изборите.

Извор: Сител телевизија

НАШ ПРЕДЛОГ

Апасиев им се обрати на Албанците: Сега е време да застанете рамо до рамо со нас

Лидерот на политичката партија „Левица“ се обрати на своите сограѓани Албанци и повика да застанат рамо до рамо со Македоците за одбрана...

„Катимерини“ за ривалството меѓу Софија и Скопје: Создава нова пукнатина на југостичното крило на НАТО

Инсистирањето на Бугарија да го блокира стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, претставува ризик од создавање на...

Oпштата вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана помеѓу април и јуни

Oпштата јавна кампања за вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана во периодот од април до јуни, најави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, јави...
Skopje
clear sky
-2 ° C
-2 °
-2 °
74 %
1kmh
0 %
Tue
-0 °
Wed
6 °
Thu
9 °
Fri
11 °
Sat
12 °