Осомничениот за повеќекратно убиство Ацо Мартиновиќ бил лоциран во близина на неговата куќа во Бајице, јавува порталот ПРЕСС.
Тој портал пишува и дека нешто по 19 часот бил опколен и полициските сили се обидуваат да го уапсат.
Седум лица загинаа денеска во престрелката во Цетиње.
Полициската управа апелира до граѓаните да бидат присебни и да не ги напуштаат станбените објекти. Помеѓу другите, убиени се: М.В., Р.М., Б.М., рането е и лице со иницијали А.М.
„Денеска во попладневните часови во ресторан лицето А.М.(45) со огнено оружје убил неколку лица. Вооружен излегол од зградата и побегнал“, соопштија претходно од УП.