Француска двојка повеќе од еден месец спие во шатор поставен на својот балкон бидејќи се убедени дека во нивниот стан има дух на жена од 19-ти век.
„Одити сентрал“ пишува дека Патрисија и Давид К. и нивните две деца минатата година се преселиле во стан во Општината Реплоњс, источна Франција.
Нивниот нов дом бил простран, добро осветлен и модерен, но набрзо семејството не било во можност да ужива во него затоа што започнало да се случуваат многу чудни работи.
Патрисија тврдела дека нејзината ќерка гледала чудни работи низ куќата откако се преселиле, но по некое време и целото семејство веќе се увериле дека во нивниот стан има „паранормална активност“.
Како поминувало времето, работите се повеќе станувале лоши, што морале да постават шатор на балконот за да спијат мирно.
„Почна со црни сенки… Тогаш стануваше сè погласно – светлото ќе се изгасеше само од себе, телевизорот ќе се вклучеше сам, телефонот ќе замрзнеше без причина, садовите ќе создадеа чудни звуци итн.“, раскажува семејството.
Парот побарал услуга од т.н. „магнетизатор“ односно човек кој користи магнетна енергија за откривање духови, а по „извршениот увид“, тој им рекол дека е прогонуван од „заробен дух” на жена од 19-от век.
Бидејќи парот не може да си дозволи да се пресели, а компанијата што управува со зградата тврди дека се е во ред со станот, бидејќи претходно бил изнајмен двапати без несакани појави, семејството решило да спие во шатор. Повторно бараат нов стан, но засега чекаат и спијат на балконот.
