Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше магазинот Time, нарекувајќи ја фотографијата која го придружуваше текстот за потпишувањето на неговиот мирољубив план за Блискиот Исток „најлошата досега“.
„Магазинот Time напиша релативно добра сторија за мене, но фотографијата можеби е најлошата досега. Ми ја избришаа косата, а потоа ставија нешто што лебди над мојата глава и изгледа како круна, но многу мала. Навистина чудно! Никогаш не сум сакал да ме фотографираат од долниот агол, но оваа фотографија е навистина лоша и заслужуваат да бидат повикани на одговорност. Што прават и зошто“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Time двапати го прогласил Трамп за Личност на годината
Насловната страница на магазинот Time, објавена вчера со наслов „Неговата победа“, прикажува фотографија на Трамп снимена од долу, на која претседателот гледа нагоре, наизглед осветлен од силна сончева светлина.
Да потсетиме, Трамп вчера беше на самит за Газa, кој се одржа во египетското одморалиште на Црвено Море, Шарм ел-Шеик. Таму со претставници на Египет, Катар и Турција потпиша документ за крај на војната во Газа.
Трамп, кој бил и критикуван и пофален поради својот пристап кон блискоисточната дипломатија, има долга и сложена историја со магазинот Time. Публикацијата често го прикажувала на својата насловна страница, понекогаш неласкаво, но истовремено го прогласила и двапати за Личност на годината.