Средба Мицкоски-Ердоган: Заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека остварил средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

„Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи“, вели Мицкоски во својата објава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното