Средба на министерот Муртезани со Еуроамбасадорот Гир

Денес Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани оствари средба со амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Ова е прв официјален состанок на министерот Муртезани со амбасадорот Гир по преземањето на ресорот европски прашања. Притоа, министерот Муртезани се заблагодари за постојаната поддршка и одлична соработка со Делегацијата на ЕУ во земјата. Тој изрази очекување дека истата ќе продолжи со несмалено темпо и во следниот период, кој е предизвикувачки не само заради тековните активности поврзани со користењето на ЕУ фондовите, но дополнително и заради барањата на Планот за раст и Реформската агенда.

Беше изразено убедување дека трансформацијата на Секретаријатот во Министерство за европски прашања ќе се реализира според утврдената динамика, без да притоа да се изгуби од енергијата неопходна за справување со предизвиците поврзани со пошироката ЕУ агенда на земјата. Во таа насока, министерот Муртезани го запозна амбасадорот Гир со плановите за блиска соработка со останатите министерства релевантни за процесите, меѓу кои, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и Министер за социјална политика, демографија и млади.

Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Република Северна Македонија останува посветена на евро-атлантската агенда, а тоа се потврдува и со Програмата на Владата. Препораките и сугестиите на нашите стратешки пријатели ги слушаме со големо внимание.

„Го поздравувам усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 со приоритет проширувањето на ЕУ (Preparing for a bigger and stronger Union). Ова ја враќа агендата на проширувањето меѓу главните приоритети на Европската Унија, и воедно претставува голема шанса за нас да се раздвижиме побрзо во патот кон интеграција на земјата во ЕУ. Дополнителна надеж внесува и оптимистичките очекувања на унгарското претседавање со ЕУ, во однос на проширувањето„- истакна министерот Муртезани на состанокот со Гир.

Од страна на Амбасадорот Гир беше потврдена посветеноста на Европската Унија за продолжување на соработката со Северна Македонија во клучните реформи во наредниот период.

Соговорниците се согласија за интензивирање на соработката во областите од заеднички интерес.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното