4NEWS.mk

Средба Помпео-Вучиќ во ОН

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на маргините на дебатата на Советот за безбедност на ОН има планирано средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На дебатата, модерирана од мисијата на Полска во ОН, ќе се разговара за „предизвиците по мирот и безбедностa на Блискиот Исток и поддршката на американската Администрација за мултилатерални решенија“.

Помпео во ОН денеска има планирано средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни