Средба Тошковски – Лимани за забрзување на протокот на патници на граничните премини

Денеска (02.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за  социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. На средбата беше разгледана ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници од двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори и посетите на нашите граѓани од дијаспората.

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

Секако двајцата министри разговараа и за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедноста на сите наши граѓани, како една од стратешките цели на новата Влада.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното