На социјалната мрежа се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина го пее познатиот хит на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.
„Još uvijek sanjam da smo zajedno“ е песната која беше испеана од овој музичар.
Станува збор за извесен уличен пејач кој на Инстаграм е потпишан како Wang Xiao Chong кој среде Пекинг ја пее и легендарната песна која ја пееше Проески на Беовизија, „Чија си“.