Македонија

Средношколски игри поважни од посетата на Киев каде Ковачевски ќе кажеше: Русија преку Бугарија ѝ става вето на Македонија

Средношколски игри поважни од посетата на Киев каде Ковачевски ќе кажеше: Русија преку Бугарија ѝ става вето на Македонија

Новинарот Горан Михајловски во својата последна колумна „Сакам да кажам“ се осврнува и на пропуштената посета на премиерот Димитар Ковачевски во Киев поради како што рекоа од неговиот кабинет, набинета агенда. Во продолжение пренесуваме дел од колумната:

„Е затоа, премиерот Димитар Ковачевски требаше да ја прифати поканата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ заедно со албанскиот премиер Еди Рама да оди во Киев, наместо да им се јавува со холограм од оазата на мирот. Кога од неговиот кабинет соопштија дека нема да оди за Украина оти имал набиена агенда, не ни помислив дека отварањето на средношколски балкански игри е поважно од руската агресија и војната во Европа. Ај што Ковачевски пропушти шанса да биде светска вест. Туку пропушти среде Киев да соопшти дека Русија преку Бугарија ѝ става вето на Македонија за дополнително да ја дестабилизира Европа. И да објасни дека тоа Бугарија го прави со истите аргументи со кои Путин ја правда агресијата врз Украина. Тој вели дека украинскиот народ е измислен, украинскиот јазик е измислен, исто како што Бугарија вели дека македонскиот народ е измислен, македонскиот јазик е измислен. Во случајот на Украина, Европската унија тоа не го прифаќа. Во случајот со Македонија, го става во преговарачка рамка. И јазикот го одбележува со ѕвездичка“, пишува Михајловски.

Цела колумна може да ја прочитате ТУКА

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни