Ако сакате брзо, безбедно и лесно да ги отстраните сите траги од храна и пијалоци од вашиот автомобил, ви носиме рецепт за моќно средство за чистење кое ги отстранува и најтврдокорните дамки.
Ви претставуваме алатка која лесно можете да ја направите дома, а која ќе направи чуда за вашиот мебел.
Состојки:
- 1 чаша детергент за миење садови
- 1 чаша алкохолен оцет
- 1 чаша газирана вода
- шише со прскалка
- четка и крпа
Постапка:
- Темелно вакуумирајте го мебелот или седиштето за автомобил.
- Истурете ги сите состојки во шишето и протресете го шишето нежно со кружни движења.
- Испрскајте ја течноста врз дамките и оставете да отстои околу 5 до 10 минути.
- Темелно истријте ги дамките со мека четка.
- Натопете крпа во чиста вода, добро исцедете ја и цврсто избришете ги дамките со неа и повторете ја постапката.
- Оставете ја ткаенината да се исуши, и ако многу ја навлажнивте со сува крпа, притиснете ја влажната површина на седиштето така што ќе ја апсорбира вишокот на влага.