Здравје Кујна

Средство кое сами ќе го направите – поедноставно не може, а ќе ги отстрани и најтврдокорните дамки

Ако сакате брзо, безбедно и лесно да ги отстраните сите траги од храна и пијалоци од вашиот автомобил, ви носиме рецепт за моќно средство за чистење кое ги отстранува и најтврдокорните дамки.

Ви претставуваме алатка која лесно можете да ја направите дома, а која ќе направи чуда за вашиот мебел.

Состојки:

  • 1 чаша детергент за миење садови
  • 1 чаша алкохолен оцет
  • 1 чаша газирана вода
  • шише со прскалка
  • четка и крпа

Постапка:

  1. Темелно вакуумирајте го мебелот или седиштето за автомобил.
  2. Истурете ги сите состојки во шишето и протресете го шишето нежно со кружни движења.
  3. Испрскајте ја течноста врз дамките и оставете да отстои околу 5 до 10 минути.
  4. Темелно истријте ги дамките со мека четка.
  5. Натопете крпа во чиста вода, добро исцедете ја и цврсто избришете ги дамките со неа и повторете ја постапката.
  6. Оставете ја ткаенината да се исуши, и ако многу ја навлажнивте со сува крпа, притиснете ја влажната површина на седиштето така што ќе ја апсорбира вишокот на влага.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни