Српската полиција ќути за бегството на Груевски

Албанската полиција вчера потврди дека Никола Груевски влегол во Албанија од Македонија на 11-ти ноември, потоа заминал за Црна Гора. Српската полиција досега не зборува за овој случај, додека медиумите во Подгорица пишуваа дека Груевски од Црна Гора отишол во Србија, а потоа и во Унгарија.

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора синоќа соопшти дека Груевски на 11 ноември бил во Црна Гора и истиот ден ја напуштил државата.

“Црногорската полиција во овој случај целосно ги запази законските процедури”, штуро велат без да откријат каде заминал Груевски по напуштањето на нивната земја.

„Никола Груевски на 11 ноември 2018 година, околу 19:11 часот” , ја напушти територијата на Република Албанија преку граничниот премин Хани Хоти и замина во Црна Гора, како патник во возило со регистарски број CD1013A, сопственост на унгарската амбасада во Тирана”, се вели во соопштението на албанската полиција.

Тие додаваат дека наредбата на Интерпол за Никола Груевски не била објавена истиот ден.

Во текот на денешниот ден, се објавија и информации дека приватниот авионот на Орбан одлетал во Белград, ден откако Груевски побара азил.

Извор: ТВ21