Македонските работници се двојно попродуктивни од светскиот просек, но сепак остануваат меѓу најслабо платените во регионот.
Податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои ги објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), откриваат фрапантен јаз меѓу создадената вредност и исплатената плата.
Според пресметките, еден работник во Македонија по час создава вредност од 34 долари, што на месечно ниво изнесува околу 297.000 денари.
Наспроти оваа сума, работникот на минималец добива само 24.379 денари – што е едвај 17% од вредноста што ја произвел.
Од ССМ се децидни: богатството на газдите и функционерите се гради врз грбот на работникот, а изговорите дека нема простор за повисоки плати се неосновани, со оглед на тоа што сме попродуктивни од соседите во Србија, Црна Гора и Албанија.
