Македонија

Стабилна состојбата во Гостивар, на 1 август регистрирани вкупно 57 први прегледи

Стабилна состојбата во Гостивар, на 1 август регистрирани вкупно 57 први прегледи

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации.

Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни