Македонија

Стабилно време за викенд, нов дожд во понеделник – потоа повторно затоплување

Стабилно време за викенд, нов дожд во понеделник – потоа повторно затоплување

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=28°C. P=978hPa. U=85%. V=4m/s.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни