Станови најмногу се купуваат во Аеродром, 3.000 евра квадрат е во Центар!

Во третиот квартал од 2025 година, највисоката постигната цена на стан во Македонија изнесува 3.000 евра по квадратен метар – или вкупно 280.000 евра за стан од 91 м² во скопската општина Центар, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

Во периодот јули–септември се регистрирани 845 новоизградени станови, што е за 169 повеќе од претходниот квартал. Вкупно се евидентирани 937 продажби од инвеститор, од кои најголем дел се станови.

Најмногу продадени станови има во Аеродром (275) и Центар (236), додека Битола води по продажба на куќи со 71 трансакција.

Во третиот квартал се забележува раст и на обемот на тргување – регистрирани се 8.319 трансакции, што е за 584 повеќе од претходниот период, што укажува на оживување на пазарот на недвижности во земјава.