Бродот „Јадран“, стар 85 години, кој бил изграден за потребите на Воената морнарица на Кралството Југославија, предизвика спор меѓу Хрватска и Црна Гора.
Бродот-едреник во моментов е дел од црногорската Воена морнарица и е стациониран во пристаништето во Тиват, но Хрватска инсистира „да и биде вратен“, што Црна Гора го одбива.
Во периодот на некогашна СФР Југославија, база на 60-метарскиот брод било пристаништето во Сплит, но во 1990 година тој бил испратен на ремонт во Црна Гора, каде и останал со почетокот на конфликтот.
Хрватска тврди дека бродот бил „незаконски“ однесен од пристаништео во Сплит, каде што „од секогаш престојувал“ и затоа бара од Црна Гора да и го врати.
Подгорица, од своја страна, смета дека со Договорот за сукцесија на поранешна Југославија, неа и припаѓаат сите објекти, оружја и опрема, што во време на распадот на државата се наоѓале на нејзина територија.
Школскиот брод „Јадран“ е „баркантин“ тип на брод со тежина од 737 тона и должина од 64 метри. Ширината на главното ребро изнесува 8,90 метри, средниот дијаметар е 4,05 метри, висината на велејарболот изнесува 39,1 метри, а површината на едрата изнесуваа 933 м². Вкупната површина на јажиња е 11 километри. Главниот мотор му е „бурмајстер-алфа“ 353 КН и развива максимална брзина од 14 чвора. На бродот постојат три еднокреветни, две двокреветни и три четворокреветни кабине, потоа по еден дванаесеткреветен и триесеткреветен простор. Остатокот од екипажот спие во “клипови”.
Овој брод досега препливал преку 400.000 морски милји, ги има посети речиси сите пристаништа во Европа, од Црното Море до Балтичкото Море. Со резерви од 48 тони вода за пиење и 27 тони гориво, може да плови 15 дена без застанување.


