Македонија

Ставен под контрола пожарот кај месноста Ралова Чука во Делчево

Пожарот кај месноста Ралова Чука кој денеска попладне избувна во Делчево, е ставен под контрола.

Во акцијата за гаснење учествуваше екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, која претходно интервенираше во пожар на запален семеен дом на улицата Голачка во Делчево.

Од единицата го повторија апелот во периодот на високи температури секоја евентуална појава на пожар благовремено да биде пријавена до институцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни