Ставени во употреба алки за електронски надзор

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов се пофали дека се ставени во употреба алки за електронски надзор.

„На мое огромно задоволство ги ставивме во употреба алките за електронски надзор на Управата за извршување на санкции“, напиша тој.

Но, што се тие?

Тоа се уреди за електронски надзор попознати како „наногици“ (се поставуваат на глужд) или некаде се и нараквици (на рака) кои содржат GPS или радиосигнал и се користат за постојано следење на движењето на лицето што ги носи.

Со нив се следи постојаното движење на осудени лица кои не се во затвор, туку издржуваат казна или мерка во домашни услови (домашен притвор, условна казна, или алтернативна мерка).

Овие алки испраќаат сигнал до централниот систем, каде што се следи дали лицето ги почитува поставените ограничувања (на пример: не смее да ја напушти куќата или место и сл.) и доколку истото ја напушти дозволената зона, системот веднаш алармира.

Во Управата за извршување на санкции се формира и посебна служба која следи и архивира податоци за сите носители на алки.

Со ова не само што се зголемува безбедноста и контролата, туку се овозможува и хумано постапување, со што се намалува пренатрупаноста во затворите.



Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното