Американскиот писател Стивен Кинг во емисијата „Поглед“ на Вупи Голдберг најави дека има намера да напише книга за светската пандемија на коронавирусот.
„Сакам да напишам книга за коронавирусот. Сакам да ги сфатам настаните од 2020 година и да видиме како ќе изгледа романот. Воопшто нема да биде лесно“, истакна писателот.
Тој посочува дека пандемијата влијаела и врз пишувањето на детективскиот роман „Били Самерс“, кој е објавен во август 2021 година.
Според заплетот, ликовите требало да одат на крстарење, но минатата година тоа беше речиси невозможно поради рестриктивните мерки кои беа на сила, па поради оваа причина, авторот ја преместил приказната во 2019 година, заради веродостојност.
Тој е автор на повеќе од 50 романи, кои се продадени во 350 милиони примероци ширум светот, а неговиот прв роман, „Кери“ беше објавен 1970-тите, по што следеше „Блесок“, што му донесе светска слава.
И вториот роман беше преточен во филм – со Џек Николсон во главната улога.
Инаку, во 2003 година, писателот беше награден со Медал на американскиот Национален фонд за книги за придонес во развојот на американската литература, додека пак во 2014 година е награден и со Национален медал за достигнувања во уметноста во САД.
