Стогодишнина од крајот на Првата светска војна, присутни државници од сите пет континенти

Пред Триумфалната капија во Париз се одржува централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна на која присуствуваат државници од сите пет континенти на светот.

Предводени од домаќинот, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателите и премиерите од 72 земји дојдоа од Елисејскиот дворец, во кој утрово се собраа, и со автобуси преку авенијата Елисејски полиња (Шанз-Елизе) пристигнаа доТриумфалната капија.

Само американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската држава Владимир Путин, посебно пристигнаа на церемонијата.

За време на проаѓањето на конвојот на Трамп по Шанз-Елизе една жена успеала да го пробие обезбедувањето и со голи гради истрчала пред автомобилот на американскиот претседател. Одговорност за инцидентот презеде феминистичката група Фемен. Париската полиција соопшти дека во врска со инцидентот се уапсени две лица.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното