Стоилковиќ: Џип од 60 илјади евра на министерството личи на очерупена кокошка, се ваделе и продавале делови од него!

Министерот за односи помеѓу заедниците и потпретседател на Владата, Иван Стоилковиќ, во изјава за медиумите откри дека се откриени нови случаи на злоупотреба со имотот на министерството.

Тој наведе дека возило вредно 60 илјади евра било пронајдено во сериозно оштетена состојба во сервис, каде што било оставено за поправка.

Според министерот, од возилото биле отстранети делови, кои потоа биле искористени за потребите на сервисот.

„Џип „бмв“ во сопственост на министерството е пронајдено во лоша состојба во еден од сервисите во кој се вршела поправката. Не сакаме да го подигнеме, бараме записници како е предадено, а имаме сведоци дека е предано во нормална состојба, а ќе бидете изненадени ако видите што се случило со тој џип кој е вреден 60 илјади евра.Не можам да утврдам за што бил користен џипот но сега можам да принесам докази дека личи на очерупена кокошка. Како може еден сериозно скап автомобил да биде оставен на милост и немилос на сервис каде се извадени врати, делови од него, згрозем сум од начинот на кој се управуало со ресурстите на министерството.Возилото било оставено на сервис, а сервисот си постапувал како што им било на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните приватни потреби“, кажа Стоилковиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното