Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека побрзи сме од Американците во справување со пожари.
„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.
По малку комична изјава даде во продолжение Ангелов. Рече дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.
Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.