Стојанов кој се соочува со доживотна забрана за влез во Македонија повикува на собир и панихида за Мара Бунева во Скопје

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој се соочува со доживотна забрана за влез во Македонија, објави повик за собир и панихида за Мара Бунева, што ќе се одржат на 12 јануари во Скопје. Собирот и панихидата ќе се одржат во црквата Свети Димитриј во Скопје, како и на кејот на Вардар во центарот на главниот град.

Како што наведува Стојанов во својата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе се организираат и во Тетово, Струмица и Прилеп. На овие настани ќе присуствуваат членовите на фондацијата, која, како што објавија минатата година, се гордее со 40-тина Бугари кои присуствувале на настаните во чест на Мара Бунева, која, според нив, била симбол на борбата против антибугарскиот режим во Скопје.

-Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете, вака лани кратко напиша Стојанов на социјалните мрежи.

Според објавените фотографии, на минатогодишниот настан присуствувале не повеќе од 20 лица, носејќи транспарент „Македонија на Македонците“ испишан на бугарски јазик. Присутните положиле свежо цвеќе на спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на реката Вардар, а по традиција, беше одржана и панихида во црквата „Св. Димитриј“, каде на 13 јануари 1928 година, Бунева го извршила атентатот на српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Откако го застрела Прелиќ, Бунева сама си го одзела животот, а од повредите починала на 14 јануари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното