Свет

Столтенберг: Приемот на Финска во Алијансата ќе биде лесен и брз

Столтенберг: Приемот на Финска во Алијансата ќе биде лесен и брз

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на финските лидери да го поддржат пристапувањето кон Алијансата и кажа дека евентуалниот процес за членство ќе биде „лесен и брз“.

Неколку часа претходно, финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин изразија поддршка за членството во НАТО, и покрај предупредувањата од Москва.

Официјалната изјава за пристапување се очекува во недела.

-Ова е суверена одлука на Финска, која НАТО целосно ја почитува. Доколку Финска одлучи да аплицира за членство, ќе биде топло добредојдена во НАТО, рече Столтенберг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни