Свет

Столтенберг: Украина ќе добие анти-дронови системи за неколку дена

Столтенберг: Украина ќе добие анти-дронови системи за неколку дена

Украина ќе добие анти-дронови системи во наредните денови , коментира генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.

НАТО ќе и доставува системи за противвоздушна одбрана на Украина за да и помогне на земјата да се одбрани од бранот беспилотни летала произведени од Иран, кои Русија ги користи за гаѓање на критичната инфраструктура, изјави генералниот секретар на Алијансата.

Станува збор за беспилотни авиони „Шахид-136“, кои руската армија го преименувале во „Геран“ и со нив ги нападнала Киев и другите градови .

Има информации и за намерата на иранската страна да префрли балистички ракети  во Русија.

Претходно, Иран негираше дека испорачува оружје на Русија .

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни