Пазарот на недвижности во Скопје станува сè попривлечен за меѓународниот капитал.
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување на ТВ Телма откри дека странски инвестициски фондови почнале да купуваат значителен број станови во новоградбите низ главниот град.
Инвестиција базирана на очекуван раст
Гувернерот сподели неофицијални информации за конкретен случај во кој дански инвестициски фонд купил 40 станови во згради во изградба во близина на центарот на Скопје.
„Прашувам за што, дали ќе ги издаваат – не знаат. Мислам дека инвестицијата тука е со претпоставка дека цените и натаму ќе растат, иако тоа не е секогаш гарантирано“, истакна Славески.
Овој тренд на влез на институционални инвеститори на станбениот пазар може дополнително да влијае врз понудата и побарувачката, особено во атрактивните зони.
Енормен скок на цените: Квадрат во Центар над 2.250 евра
Статистиката на Народната банка и пазарните платформи потврдуваат дека домувањето станува сè поскапо за граѓаните:
- Раст од 25%: Цените во последниот квартал од 2025 година се зголемиле за една четвртина во споредба со претходната година.
- Просечни цени: Според платформата Cenakvadrat.com, просекот во Скопје изнесува 2.032 евра за метар квадратен.
- Најскапо во Центар: Во срцето на градот, цената достигнува просечни 2.253 евра за м².
ФОТО: Архива
