4NEWS.mk

Страшна сообраќајка во Карпош: Џип поминал на црвено и удрил во „голф“, тројца повредени

Тројца се повредени во судир на џип и автомобил, денеска на булеварот Партизанска во Карпош 4, на семафорите од крстосницата со улицата Никола Парапунов, пред мостот „Обединети Нации“, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, три лица биле однесени со возила на брза помош. Сообраќајката се случила кога џип „Ренџ Ровер“ наводно поминал на црвено и удрил во „Голф“ кој одлетал десетина метри и удрил во жардинера.

Од МВР засега нема информации за несреќата.

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни