СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Седумгодишно дете загина по нападот во училиште во Загреб, други се борат за живот!

Министерката за здравство Ирена Хрстиќ денеска изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете и рече дека повредените се пренесени во болница и во моментот сите се надвор од животна опасност.

Таа додаде дека сторителот е полнолетен.

Според информациите, има и повредена наставничка, чиј живот е во опасност.

Министерството за здравство потврди дека во нападот се повредени осум лица, од кои еден починал.