Балкан

Страшни детали за смртта на Гркот во Атина: Михалис се обидел да побегне кога видел 150 неонацисти од Хрватска

Страшни детали за смртта на Гркот во Атина: Михалис се обидел да побегне кога видел 150 неонацисти од Хрватска

Грција остана во шок по трагичните инциденти, кои ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“, во кои животот го загуби навивачот на АЕК, Михалис Кацурис.

Несреќниот млад човек им подлегнал на повредите, откако бил прободен со нож во пределот на рамото, а грчките медиуми дојдоа до грозоморните детали од конфликтот.

Како што се наведува во текстот, Михалис од рано попладне бил на стадионот „ОПАП Арена“ во Нова Филаделфија каде дошол да купи билет за натпреварот и да се види со своите пријатели.

– Останатите навивачи беа околу стадионот од 19 часот, откако челниците на навивачите повикаа да го обезбедуваат стадионот, бидејќи биле информирани за доаѓањето на „Бед Блу Бојс“.

– Несреќниот дечко околу 23 часот седел во кафуле во близина на стадионот, кога се појавиле околу 150 неонацистички хулигани од Динамо Загреб. Се обидел да побегне, кога налетал на „глут“ убијци.

– Потоа доби смртоносна рана на раката, која удри во артерија, што резултираше со неконтролирано крварење, а подоцна беше откриено дека има и модринки на лицето и главата. Во сведочењата се наведува дека тој бил ранет со нож од типот „карамбит“, заоблен нож сличен на оној со кој беше убиен Алкис Кампанос – се наведува во текстот на грчкиот портал.

Исто така, се наведува дека полицијата интензивно работи на откривање на точната локација на убиството, за да може да дојде до секакви снимки од видео надзор и потенцијални сведоци, а се сомнева дека убиството се случило на улицата „Смирни“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни