Силните ветрови предизвикаа голема мешаница во Хрватска, а тоа особено се почувствува во Јадранското Море, каде налетите на бура достигнаа и до 190 километри на час. Токму поради ваквите временски услови, во фокусот на интересот се најде еден траект и неговиот капетан.
Во кајштеланскиот регион во Хрватска денеска дуваа ветрови со брзина од околу 130 километри на час, но во подвелебитскиот регион бурата дуваше со брзина од 190 километри на час. Поради тоа, беше прекинат голем број фериботски линии на Јадранот. Сепак, една од нив не беше.
Ветерот предизвика големи проблеми и на морето, а драматична сцена беше снимена на влезот во супетарското пристаниште за фериботи. Таму траектот „Марјан“ се бореше со бурата и брановите, при што едвај успеа да се закотви поради екстремно тешките услови на море.
@jadrolinija.officialHrabrost i vještina 💪 Nemamo drugih riječi osim BRAVO i HVALA našim pomorcima 🙏
На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа како траектот буквално се бори со природата, а она што успеа капетанот ги воодушеви сите:
„На него му се поклонувам, а на патниците не би сакала да сум во нивна кожа“, стои во еден од коментарите.
Следеа други: „Цар“, „Подобро го паркираше од кола“, „Капа до под“, „Не можам ни да замислам колку е тешко ова“ …