Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Стружанец се обидел да голтне, а потоа и да уништи бела прашкаста материја, полицијата го приведе

Стружанец се обидел да голтне, а потоа и да уништи бела прашкаста материја, полицијата го приведе

На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен Д.Н.(44) од Охрид.

Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал, се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни