Македонија

Стружанка со тешки повреди пренесена во „Свети Еразмо“ откако изгубила свест и се удрила во камион

Стружанка со тешки повреди пренесена во „Свети Еразмо“ откако изгубила свест и се удрила во камион
Фото: 4news.mk

На 02.06.2026 околу 13:00 во ОВР Струга, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена С.С.(73) од Струга.

Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека се движела во населба Плитишта, струшко, при што изгубила свест, паднала и се удрила во товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(40) од с.Радолишта, струшко.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни