Сцената каде Арнолд Шварценегер тешко се повреди

Несреќи на работа им се случуваат на многу луѓе, вклучително и актери на сетови на ТВ емисии и филмови.

Една таква ситуација му се случи на Арнолд Шварценегер за време на снимањето на филмот Терминатор 3: Подемот на машините од 2003 година.

Како што пренесува „Far Out Magazine“, познатиот актер за малку ќе изгубил прст за време на снимањето на сцена во филмот. Станува збор за сцената во која Терминаторот насилно го влече ковчегот на Сара Конор надвор од гробиштата, а потоа влегува во пресметка со полицијата.

Голем дел од оваа сцена беше снимена со Шварценегер како всушност го носи експлозивот, што не беше најмудрата одлука бидејќи на актерот му беше потребна медицинска помош откако неуспешна детонација за малку ќе му ја уништи раката.

Целиот ковчег беше исполнет со мали експлозиви кои ќе експлодираа, а идејата беше да го ставам во раката“, објасни тогаш актерот за „Блек филм“.

Актерот среде снимањето почувствувал неверојатна болка и експлозија под прстот и бил апсолутно убеден дека прстот ќе му паднел доколку немал дебели кожени ракавици.

За среќа, актерот не го загуби прстот по инцидентот, но мораше да се опорави неколку месеци. Тој објасни дека неговата рака „неверојатно долго време била сина“ и дека мора да побара лекарска помош, пренесува Index.hr.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното