Студен бран на Балканот, прогласен црвен аларм поради лошото време

Во Хрватска попладнево е издадено црвено предупредување од Државниот хидрометеоролошки завод за следните два дена, кога се очекуваат вистински зимски услови и на копно и на море.

Метеролозите најавуваат пороен дожд, со силна бура, а на северот на земјата можен е и снег. Потопло време се очекува од четврток.

Црвениот аларм посебно се однесува на утрешниот ден за подрачјето на Лика и Горски Котор, каде се очекува снег и поледица, а за Истра и Јадранското Море објавен е портокалов аларм. За јужниот дел на Хрватска издадено е портокалово предупредување поради можен пороен дожд.

Во Босна и Херцеговина поради претежно облачното време е прогласен црвн аларм, времето ќе продолжи со обилни врнежи од дожд во областа на Херцеговина и југо-западна Босна.

Акумулираната стапка на врнежи е помеѓу 40 и 80 литри на метар квадратен, додека во Херцеговина е локално до 120 литри, според ФХМЗ.

Повеќето снег во последните 24 часа паднаа во Маврово, Македонија, каде што висината на снежната покривка достигна 25 сантиметри.

Голема количина на дожд падна во Битола.

Извор: ТВ21