Студениот бран во Грција ги зеде и првите жртви

Тело на 66 годишна жена е пронајдено во превртено возило во близина на Кератеа, на околу 45 километри југо-источно од Атина.

Температурите во Грција се под нулата, а снегот прави проблеми и во авиосообраќајот.

Според информации од службите една жена е мртва, а двајца мажи се водат како исчезнати.

Двајцата мажи од возилото, кое било пронајдено во близина на поток, се водат како исчезнати.

– Сопругот на жената и уште еден маж, кои биле во истото возило, се водат како исчезнати од четвртокот кога областа ја погоди лошо време, изјави неименуван полициски извор.

Грчката служба за цивилна заштита ги повика локалните власти да бидат подготвени затоа што се очекува утре Грција да ја погоди нов леден бран.

Извор: ТВ21